104
Отстранувањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од републиканските прелиминарни претседателски избори во американската сојузна држава Колорадо не е легално, одлучи денеска Врховниот суд, јави ДПА.
Судиите на Врховниот суд својата одлука ја соопштија на еден ден пред утрешниот „супер вторник“, кога гласачите во 15-тина сојузни држави одат на внатрепартиски избори, пишува „Вашингтон пост“.
На крајот на минатата година, властите во Колорадо донесоа одлука со која го прогласија Трамп неподобен за функцијата претседател на САД. сд/фото:МИА архива .
Извор: МИА