Почетна ЕкономијаВрачување на наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ за 2026 година

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ за 2026 година

од nenad
1 минути читај за

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“ на годинашната добитничка Даниела Андоновска-Трајковска, која ѝ се доделува за необјавената стихозбирка „Синтакса на постоењето“.

За наградената книга ќе зборува писателот Петре Димовски, а добитничката на наградата ќе има книжевен настап со читање на своите песни од „Синтакса на постоењето“.

На настанот, со своја музичка точка ќе настапи и пејачката Ангела Иваноска.

„Синтакса на постоењето“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2026 година, во конкуренција со единаесет други необјавени поетски ракописи. Во книгата, авторката преку инвентивен поетски јазик, контрасти и парадокси го отвора прашањето за човекот, доброто и злото, јазикот и потрагата по смисла. Спојувајќи го реалното и ониричното, таа гради сложен поетски свет во кој зборот не е само средство за изразување, туку и простор за преиспитување на постоењето.

Книгата, втора во едицијата „Даница Ручигај“, ќе биде претставена во рамките на свеченото доделување на наградата. мч/нд/

фото: Друштво на писателите на Македонија