Почетна МакедонијаВработените во државната МИА на предупредувачки протест, бараат повисоки плати

Вработените во државната МИА на предупредувачки протест, бараат повисоки плати

од nenad
1 минути читај за

Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА).

   

Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум.Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори.ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.