Почетна ЕкономијаВо тек на минатата недела УЈП спроведе контроли за фискализација: Еве колку неправилности утврди кај контролираните фирми

Во тек на минатата недела УЈП спроведе контроли за фискализација: Еве колку неправилности утврди кај контролираните фирми

од nenad
2 минути читај за

Во периодот од 18.08.2025 до 24.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи.

Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. Од нив, 51 глоби се за неиздавање на фискални сметки, 14 за неводење на книга за дневни извештаи, 2 за непоседување на резервен фискален систем на опрема и 2 заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи.

За утврдените неправилности донесени се 69 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За еден субјект поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

Во Скопје извршени се 41 контроли, а утврдени се 11 неправилности;

Во Охрид, Битола и с.Добрушево, Могила извршени се 23 контроли, а утврдени се 5 неправилности, од кои: по 2 неправилности во Охрид и Битола и 1 во с.Добрушево, Могила;

Во Прилеп, Кавадарци, Велес, Градско и Росоман извршени се 22 контроли, a утврдени се 7 неправилности, од кои 3 во Прилеп, 2 во Росоман и 2 во Велес;

Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 42 контроли, а утврдени се 22 неправилности, од кои 6 во Тетово, 7 во Гостивар, 3 во Кичево, 4 во с.Вруток, 1 во с.Равен и 1 во с.Жеровјане;

Во Штип, Пробиштип, Виница и Куманово извршени се 35 контроли, а утврдени се 20 неправилности: 10 во Куманово, 4 во Штип, 4 во Виница и 2 во Пробиштип;

Во Струмица и Берово извршени се 5 контроли со утврдени 5 неправилности, од кои 1 во Струмица, 3 во Берово и 1 во Ново Село.