МВР информира дека завчера во 11,20 часот пријавено е дека во Скопје на крстосницата од ул. „Пролет“ и ул. „706“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Х.(50) од Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(28) од Скопје и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(18) и совозач-инструктор Н.Ѓ.(39) двете од Скопје.Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.