Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос во единиците на локалната самоуправа кои ги предводи.Хаосот е највидлив во Град Скопје. Нема реализирано ниту еден проект од програмата, не се реализираат ниту наследените проекти кои се во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари.Јавниот превоз е во колапс, ЈСП тоне во долгови, а катастрофална е состојбата и во други Јавни препратија како „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“.Хаос, неспособност и удар врз џебот на граѓаните се случуваат и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.Во оваа најкризна година, многу општини ги зголемија цените на комуналните услуги.
ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната локална и градска власт.