Foto: Screenshot/FB/The Himal World
Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет.
Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста.
Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија.
Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија како река Гандак. Поплавата минатата година во реката Боте Коши уби девет луѓе, а го однесе и Мостот на пријателството кој ги поврзува Непал и Кина, што го наруши сообраќајот и трговијата на неколку месеци.
Post Views: 49