Црвена Sвезда со 83-75 го победи Партизан во полуфиналето од Купот „Радивој Кораќ“ и во финалето ќе се сретне со Мега Баскет кој беше подобар од ФМП.
Партизан и Црвена Sвезда одиграа уште едно вообичаено дерби со прекини поради недолично однесување на навивачите, на крајот црвено-белите се радуваа на триумф кој ги однесе во финале.
Тимот на Жељко Обрадовиќ во текот на третата четвртина имаше водство и од 18 поени разлика, 44-26, но како одминуваше мечот, таа висока предноста стануваше мала. Црвена Sвезда го сврте резултатот на самиот крај од третиот период. Во последните десет минути се влезе во водство на Sвезда од 59-58.
Во последната четвртина Црвена Sвезда беше подобра екипа и не дозволи неизвесна завршница, на крајот славеа со 83-75.
Вилдоса со 15 поени беше најефикасен кај Црвена Sвезда , Петрушев и Недовиќ постигнаа по 14, Кампацо и Митровиќ по 12. Кај Партизан, Џејмс Нанели даде 19 поени.
Во финалето Црвена Sвезда ќе игра против Мега Баскет која со 86-67 беше подобра од ФМП.
Извор: sport1.mk