Почетна ЕкономијаВо мај, албанската полиција уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

Во мај, албанската полиција уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

од nenad
1 минути читај за

Албанската државна полиција соопшти дека само во текот на месец мај биле заокружени 99 полициски акции, од кои 34 со меѓународен карактер.

“Уапсени се 625 лица осомничени за кривични дела, додека запленети се 50 парчиња огнено оружје, околу 84 кг канабис, поголема количина кокаин и 2861 семки од канабис.” стои во објавениот извештај. Блокирани се и финансиски средства и имот во вредност од приближно 415 илјади евра, стекнати преку криминални дејствија.

Покрај тоа, во рамките на мега-операцијата „Координата“, беа уништени 8,269 стебла канабис. Само во Тирана и Скадар, 13 лица се приведени поради криумчарење на оружје, кое најчесто се внесувало од Косово, додека во Драч, 7 лица, меѓу кои и 3 лица од висок ризик, се уапсени со оружје подготвено за употреба во ресторани.

Натаму, завршени се 22 акции против кражба и разоткриени се 13 случаи на шверц на граничните премини. Исто така, беа пресретнати недозволени активности поврзани со коцкање и обиди за трговија со мигранти.

“Сообраќајната полиција продолжи со интензивен мониторинг, при што уапси 155 возачи, 107 за возење под дејство на алкохол и 48 без возачка дозвола. 191 возачка дозвола е суспендирана, додека над 12 илјади казни се изречени за пречекорување на дозволената брзината”, се додава во извештајот.

Статистиката на граничната полиција утврдила 50 случаи на нелегален премин на границата, 22 обиди со фалсификувани документи и 6 случаи на криумчарење на моторни возила. вт/.