Почетна ПопуларноВо Делчево одбележани 151 година од раѓањето на патронот на градот Гоце Делчев

Во Делчево одбележани 151 година од раѓањето на патронот на градот Гоце Делчев

од nenad
1 минути читај за

Под засилена полициска безбедност, во организација на локалната самоуправа, денеска во Делчево беа одбележани 151 година од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба и патрон на градот Гоце Делчев. Официјалниот дел од настанот започна со читање реферат за неговите живот и дело од страна на КУД ,,Гоце Делчев”, по што на неговиот споменик свежо цвеќе положија повеќе делегации на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски во својата изјава истакна дека Делчев е лик од кој треба да учиме како да се сака и гради општината и државата и е револуционер кој обединува, а не разединува.

Денеска го чествуваме денот на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба и патронот на Делчево. Во таа чест се поклонуваме пред Делчев и достоинствено оддаваме почит на неговиот лик и дело. Како следбеници на ликот и делото на Делчев ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Учејќи од него, продолжуваме по патот на прогресот, градејќи достоинствена македонска држава – рече Трајковски.

Инспирирано од: infomax.mk