Почетна ЕкономијаВо Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините

Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините

од nenad
0 минути читај за

27/10/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

 Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.  По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА