Почетна МакедонијаВо Анкара ќе се бараат дополнителни информации за екстрадицијата на Палевски – тврди техничкиот премиер

Во Анкара ќе се бараат дополнителни информации за екстрадицијата на Палевски – тврди техничкиот премиер

од nenad
1 минути читај за

Министерот Лога со делегација в четврток ќе престојува во Анкара, каде што е предвидено да се сретне со официјални турски претставници, а едно од прашањето за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Палевски, потврдуваат од Министерство за правда.

   

„Па сега не сакам да прејудицирам која, што ќе биде содржината на разговорите таму. Но, во секој случај неопходна е комуникацијата директна и лична таму да се биде, за да се види кои би биле постапките, процедурите, што би требало дополнително, евентуално, да се направи. Затоа е таа лична комуникација и е воспоставена во рамки на меѓународната соработка со соодветните братски институции со коишто соработуваме и со коишто соодветно имаме билатерални спогодби за комуникации“ – вели Џафери.

Лога ќе престојува во официјална посета на Турција, заедно со претставници на македонските правосудни органи.Во Анкара, заедно со министерот за правда, како што објавија неофицијално дел од медиумите минатата недела, ќе отпатуваат и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази.