Почетна ТехнологијаВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ СО ВОЕНО, ТУКУ СО ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ Колку побрзо, толку подобро, порачува Рубио

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ СО ВОЕНО, ТУКУ СО ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ Колку побрзо, толку подобро, порачува Рубио

од nenad
1 минути читај за

Рубио изјави и дека не очекува пробив во утрешните преговори во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации. Целта е напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, а конфликтот нема да заврши воено, туку дипломатски рече американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска во Анталија, пред средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. – Оваа војна нема да заврши со воено, туку со дипломатско решение, и колку побрзо се постигне договор за завршување на оваа војна, толку помалку луѓе ќе умираат и толку помалку уништување ќе има. И на крајот на денот, тоа е целта на претседателот Доналд Трамп – рече Рубио, додавајќи дека се надева на скоро решение.

Тој посочи дека  претседателот Трамп сака страните во конфликт да се фокусираат на економијата, реконструкцијата и на градежништвото. – Претседателот Трамп беше многу јасен дека сака војната да заврши. Тој е отворен за практично секој механизам што нè доведува до праведен, траен и долготраен мир, и тоа е она што тој сака да го види. Тој сака да види крај на војните, сака да спречи да се случат војни. Целта на НАТО е да спречува војни со сопствена сила и затоа сакаме да го видиме како се зајакнува, со нивоа на трошење меѓу сите партнери што ќе им овозможат на сите да бидат посилни – рече Рубио. Генералниот секретар Руте рече дека на НАТО му е потребно американско лидерство поради руската и кинеската закана, посочувајќи дека Трамп и Рубио претставуваат добри лидери. Рубио изјави и дека не очекува пробив во преговорите во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации. – Сакам да бидам искрен. Немаме големи очекувања за тоа што ќе се случи утре – изјави Рубио по разговорите во Анталија.