Почетна Убавина и здравјеВокалистката на ДНК – Ана Костадиновска со срце скршено во ноти на песната „Пола човек“

Вокалистката на ДНК – Ана Костадиновска со срце скршено во ноти на песната „Пола човек“

од nenad
1 минути читај за



Нема ден а да не помисли на нив. Пејачката и придружен вокал Ана Костадиновска тажи.

Во знак на сеќавање, Ана сподели дел од песната „Пола човек“, која ја изведуваше заедно со ДНК – балада што сега добива сосема нова, длабоко трогателна димензија. Објавата беше придружена со емотикони на скршено срце.

Ана низ музиката ја пренесе тагата, болката, но и бескрајната љубов што ја чувствува кон своите колеги и пријатели, членови на групата ДНК, со кои често соработуваше и настапуваше низ годините а ги загуби ноќта на 16 март во пожарот во Кочани.

Овој трагичен настан не само што остави неизбришлива трага во македонската музичка сцена, туку и уште еднаш потсети колку се кратки миговите и колку е важно да го цениме секој заеднички момент.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин