Охрид заслужува да биде првата Општина во Македонија која целосно ќе врши селекција на отпад
Идејата е да се доделат за почеток околу 5000 канти на домаќинствата и да се набават две електрични товарни возила за собирање на истиот
Ефектот е повеќекратен
1. На годишно ниво би се собрале суровини во износ од околу 50000евра кој би се употребиле за набавка на нови камиони или за набавка на нови канти за отпад со што би се покрила целата Општина
2.Со селекцијата на отпад би се намалил отпадот кој се депонира во Буково а би се заштедило во гориво,мазива и амортизација
3.Грижата за зачувување на животната средина би се подигнала
на повисоко ниво
Сето ова ќе се финансира од буџетот на Општината и би чинело околу 150 000 евра
Што не е некоја голема сума за Охрид