-Актуелната влада посакуваше притисоци, но напротив, станува збор за една пријателска средба во која се разменети многу аргументи. За некои работи се согласуваме, за некои имаме различни мислења со господинот Ескобар, но во суштина целта е иста и заедничка – Македонија да напредува – изјави Милошоски на Сител.Тој додаде дека на средбата со Ескобар било одговорено дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја изразиле својата волја на пленарната седница и дека тие нема да го променат ставот.
– Немало средба со поединечни пратеници, но ние не би имале проблем доколку во некоја прилика има средба со цела пратеничка група како што беше случај со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка. Како пратеници имаме многу повеќе аргументи, што да кажеме, а тоа е дека власта со ова прашање за бугарските барања за смена на Уставот покрива многу други реални проблеми – рече Милошоски.