Во комуникации сме со EXIM (експорт-импорт) банка, која е државна банка од САД, како и со државната банка на Велика Британија, а разговараме и со друг конзорциум тоа да го финансира. Од аспект на државни трошоци, ќе гледаме тоа да биде најоптимално, открива министеропт за финансии, фатмир Бесими.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, посочи дека Европската унија преку Брисел отворила втор циклус на прашања за договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, а Христијан Мицкоски најави репреговарање на договорот што би го направила идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заатоа што смета дека сегашнава власт „не водела сметка за државниот интерес и за интересот на граѓаните не го заштитила, додека компанијата си ги заштитила сопствените интереси на најдобар можен начин“
Министерот за финансии, Фатмир Бесими во телевизиско интервју деновиве посочи дека се преговара со државна агенција на САД која би помогнала во финансирањето на изградбата на автопатите, за што ќе треба да се изгласаат посебни законски решенија во Собранието. Од Министерството за финансии потенцираат дека моментално се водат преговори со неколку кредитори кои би помогнале да се реализира овој проект, чие финансирање засега зависи само од државниот буџет.
– Во комуникации сме со EXIM (експорт-импорт) банка, која е државна банка од САД, како и со државната банка на Велика Британија, а разговараме и со друг конзорциум тоа да го финансира. Од аспект на државни трошоци, ќе гледаме тоа да биде најоптимално – открива Бесими.
Проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10-Д ја бранува јавноста изминативе месеци откако беше потпишан договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Од Државната комисија за спречување на корупцијата беше оценет дека е со голем степен на корупција и дека со широко отворени очи треба да се следи неговата имплементација. Од Тетово и од Прилеп почнаа геомеханички истражувања на планираните, но се уште не дефинирани и исцртани траси, за што од буџетот на ЈП за државни патшта на изведувачот му се префрлени 117 милиони евра.
Целиот проект што треба да се реализира за 4 години и 7 месеци, првично беше речено дека ќе чини 1,3 милијарди евра, за потоа да се потенцира дека уште 200 до 300 милиони евра ќе бидат потребни за процесот на експропријација. Опозицијата пак, лиферува со бројка од 2 милијарди евра.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, пак, исто така во телевизиско интервју посочи дека Европската унија преку Брисел отворила втор циклус на прашања за договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој не транспарентно објавен во јавноста, а до ДКСК е испратена само скратена верзија и антикорупционерите немаат увид во некои делови од договорот со образложение дека се деловна тајна. Кај Европската комисија предизвика загриженост што донесените спорни закони беа изгласани во брза постапка со користење на европското знаменце, поради што ЕК бараше објаснување на нашата Влада.
– Ние им објаснивме писмено и усмено повеќе пати. Тие побараа нови одговори во втор круг на допишување. Во текот на скринингот им доставив информација, сега втор пат праќаат, а ние ќе им го доставиме одговорот – рече Маричиќ.
Тој истакна дека во договорот со „Бехтел и Енка“ има формули, методи, начин на работа, за кој тие не сакаат да се објавуваат поради деловна тајна.
– Од друга страна, парите се јавни и познато е се за што ќе биде платено. Освен тоа државата има и европски стратешки инвеститори кои треба да започнат или започнале со своите проекти во земјата – нагласи Маричиќ.
ВМРО–ДПМНЕ со месеци наназад обелоденува и предупредува за она што стои во договорот кој стигнал до нив од свиркачи, а власта во најголем дел ниту демантира ниту потврдува.
