86
Снимката на која Енцо Фернандез ги навредува француските фудбалери предизвика бурни реакции, па сега се огласи и Владата на Аргентина. На снимката фудбалерот на Челси ги навредува франуските фудбалери кои имаат африканско потекло.
„Тие играат за ¥, но нивните родители се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, а нивните татковци од Нигерија. На пасошот пишува Франција”, пее Фернандез.
Се извини Фернандез за постапката, но истрага против него отвори и Челси кој би можел да го казни. Случајот го истражува и ФИФА по жалбата од Франција. Со реакција се јави и Фудбалскиот сојуз на Аргентина кој побара Меси како капитен заедно со претседателот на Фудбалскиот сојуз да се извини.
„Капитенот на националниот тим мора да се извини за случајот. Истото важи и за претседателот на сојуз. Мислам дека тоа треба да го направат затоа што ја ставаат нашата земја во лоша позиција“, соопштиле од Владата на Аргентина.