„Има многу неексплодирани минско експлозивни средства, а повеќе од 100 експлозии се слушнале откако гори овој пожар, што дополнително го отежнува гаснењето“, вели Стојанов. Пожарот во НП Галичица се разгоре на 5 август годинава и истиот започна од албанска страна, а потоа се прошири и на македонска. Денеска до 13 часот имало 22 пожари, од кои 3 се изгаснати, 10 се активни, а 9 се ставени под контрола.На територијата на Македонски Брод, во Јасен и Белице пожарот го гасне еден хеликоптер на МВР, 40 припадници на армијата, пожарникари, а таму сè уште делумно гори борова шума. Ангелов вели дека дел од пожарите се предизвикани поради невнимание, но дел и поради криминални мотиви.
Вкупно 120 луѓе го гаснат пожарот на Галичица
59