Почетна Убавина и здравјеВикторија Бекам направила фрапантен потег за да ѝ ја уништи свадбата на снаата – Убавина и здравје

Викторија Бекам направила фрапантен потег за да ѝ ја уништи свадбата на снаата – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Бруклин Бекам тврди дека неговата мајка ја уништила неговата свадба со фрапантен потег, а Грк кој бил гостин на настанот сето тоа го потврдил

Еден од гостите на венчавката ги потврди тврдењата на Бруклин Бекам дека неговата мајка, Викторија Бекам, „непримерно“ танцувала со него на неговата свадба. Во својата шокантна изјава во понеделникот вечерта, Бруклин тврди дека таа „му го украла првиот танц“ за време на венчавката со Никола Пелц во 2022 година и дека „танцувала многу непримерно со него“.

Бруклин (26) изјави дека „никогаш во животот не се чувствувал понепријатно и понижено“.

Сведок ја потврди приказната на Бруклин

Гостин на свадбата, Гркот Ставрос Агапиу, сега се огласи, инсистирајќи дека лично присуствувал на „непримерниот“ танц на Викторија. Агапиу му е партнер на британскиот диџеј Фет Тони, кој настапувал на приемот. Во коментар на Инстаграм напишал:

„Бев таму и таа навистина го направи тоа – тој ја зборува вистината.“

Коментарот подоцна бил избришан, а Ставрос објавил:

„Браво за него што конечно проговори!“

Јавната пресметка на Бруклин со „Бекамови“ стана неизбежна по несреќниот Божиќ исполнет со кампањи што, наводно, неговото сопствено семејство ги водело против него и неговата сопруга.

Јавноста во шок: што навистина се случило на подиумот?

Многумина останаа без зборови по изјавата на Бруклин дека Викторија „го украла шоуто“ и танцувала на начин што го засрамил.

Поврзани објави

Набргу по оваа изјава, на социјалните мрежи повторно се појави стар твит на Викторија Бекам, со фотографии на кои таа танцува со Дејвид, со опис:

„Никогаш не сум видела танцов подиум што не ми се допаднал.“

Интернетот, очекувано, „експлодира“ со мемиња, шеги и шпекулации за тоа како, всушност, изгледал „непримерниот“ танц.

„Вог“ тврди едно, Бруклин – друго

Тврдењата на Бруклин дека неговата мајка му го „украла“ првиот танц се спротивни на официјалниот извештај на списанието „Вог“ за венчавката.

Свадбата на Никола Пелц и Бруклин Бекам во април 2022 година ја следел американскиот „Вог“, кој детално опишал дека биле испочитувани традиционалните танци – мајка и син, како и татко и ќерка.

„Вог“ навеле дека првиот танц на младенците бил на песната на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“. Потоа, списанието пишува дека Марк Ентони, близок пријател на Дејвид и Викторија, излегол на бината многу подоцна, околу 23 часот. Во тој момент, според „Вог“, Бруклин ја повикал својата мајка на бината да танцуваат, а им се придружиле Дејвид и нивната десетгодишна ќерка Харпер.

Тврдењето дека Бруклин ја „повикал“ својата мајка на танц е директно спротивно на неговата нова изјава:

„Марк Ентони ме повика на бината, каде што според планот требаше да биде мојот романтичен танц со сопругата, но наместо неа, таму ме чекаше мајка ми.“

Сепак, како што изјавил Бруклин, кај Бекамови сè било насочено кон имиџот, па најверојатно тогаш не сакал да го каже тоа јавно, за да не дојде до поголем семеен конфликт и за да се зачува беспрекорната слика што семејството ја има во јавноста.

ФОТО: ИНстаграм / brooklynpeltzbeckham