Почетна МакедонијаВикендов променливо облачно време, ќе има и врнежи од дожд

Викендов променливо облачно време, ќе има и врнежи од дожд

од nenad
1 минути читај за

За време на викендот и почетокот на работната недела ни следи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

УХМР соопшти дека времето утре ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени.