Почетна ЕкономијаВикендов нова влада, Јанушев во игра за генсек

Викендов нова влада, Јанушев во игра за генсек

од nenad
1 минути читај за

   

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски се амбицира дека како премиер ќе ја води најуспешната влада во плурална Македонија. Сценариото за собраниската седница за избор на новиот владин кабинет веќе е договорено и најавите се дека в недела, пред полноќ, Собранието ќе го гласа новиот владин кабинет од 24 министри и вицепремиери предводен од Мицкоски.
За генерален секретар на новата влада сериозно во игра е Игор Јанушев, брифира за „Слободен печат“ висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, а се пополнуваат и заменик-министерските позиции во владата.Мандатарот истакна дека четири столба од владината програма ја обединува идната владина коалиција.

– Првиот и најважен е борбата против криминалот и корупцијата. Вториот е подобрување на стандардот на граѓаните, третиот е забрзување на процесот за евроинтеграции на Македонија како држава. Четвртиот е рамномерен развој и забрзување на процесот на децентрализација. Тоа се четирите столба во кои се обединува владината коалиција и планираме до нив да се држиме. За разлика од минатите седум години планираме да бидеме исклучително успешни, поточно амбицираме да бидеме најуспешна влада во овие повеќе од три децении – рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето – кои од ветувањата на коалицијата „Вреди“ се дел од владината програма, односно зошто во програмата ги нема барањата за избор на претседател на државата во Собранието, укинување на коцкарниците, промената на „20 отсто“ со албански јазик итн.