Почетна Балкан(Видео) Шокантна снимка: Ново апсење на северот на Косово поради напад на КФОР

(Видео) Шокантна снимка: Ново апсење на северот на Косово поради напад на КФОР

од nenad
1 минути читај за
t

Косовската полиција уапси лице со иницијали Н.О., во Северна Митровица на северот на Косово, под сомнение дека учествувал во нападот на КФОР, воената мисија на НАТО на Косово.

Како што се наведува во соопштението, на апсењето му претходела интензивна истрага и дека уапсениот е познат по прекарите „Германец“ и „Рус“.

„Неговото апсење и приведување во полициска станица е извршено по прибраните докази дека учествувал во нападот на КФОР на 29 мај 2023 година. Сите понатамошни дејствија ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи“, се наведува во соопштението.

Канцеларијата за Косово во Владата на Србија го осуди апсењето, тврдејќи дека косовскиот премиер Албин Курти го „саботира“ дијалогот за нормализација на односите.

Во соопштението се наведува дека „ова апсење не е случајно темпирана утрото по дијалогот во Брисел“, и дека јасно покажува дека Курти „не сака смирување на тензиите, туку нова криза“.

Конфликтот меѓу КФОР и локалните Срби се случи на 29 мај во општина Звечан, една од четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово.

Косовските власти тврдат дека зад нападот стојат „криминални групи поддржани од Белград“.

Тензиите на северот на Косово се зголемија на 26 мај, кога косовската полиција помогна во преземањето на општинските згради со цел да се обезбеди простор за работа на новите градоначалници Албанци.