Осумнаесет компании ќе учествуваат на првиот хуманитарен фудбалски турнир „Играме со срце“, што денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организација на СОС Детско село и под покровителство на Министерството за спорт.
На 28 и 29 ноември играме со срце! ❤️
18 компании ќе се натпреваруваат на првиот хуманитарен фудбалски турнир во организација на СОС Детско село, а нивните котизации ќе бидат донирани за поддршка на децата и младите без родителска грижа. 💙
На теренот ќе ни се придружат и познатите македонски фудбалери Александар Трајковски, Стефан Ристовски, Аце Стојков, Николче Новески и Никола Глигоров, кои ќе бидат дел од ревијален натпревар.
📅 28 и 29 ноември
📍 ООУ „Круме Кепески“, Кисела Вода
Настанот се одржува под покровителство на Министерството за спорт, со поддршка на Бизнис Лига и ФФМ.
Дојдете да навиваме, да се дружиме и заедно да направиме нешто добро за децата! ❤️
Играме со срце. Победуваме за среќно детство!
Фото: Принтскрин/Instagram