Почетна ВестиВИДЕО: Тројца млади од Чикаго настрадаа од струен удар – правеле селфи на шини

ВИДЕО: Тројца млади од Чикаго настрадаа од струен удар – правеле селфи на шини

од nenad
1 минути читај за




Обидот на тројца млади луѓе да направат селфи на железничките шини во Чикаго, САД , имаше драматичен крај – двајца од нив завршија во болница во тешка состојба откако добиле струен удар.

   

На видеото се гледаат тројцата млади луѓе како седат на шините, и покрај тоа што е забрането, несвесни дека низ шините минува струја од 600 волти.

Меѓутоа, во одреден момент едно од нив, младо момче, се допира и се „затресува“ од струјата, а истото по неколку секунди настрада и девојката до него. Според извештаите во медиумите, едно од момчињата починало на самото место, додека девојката и другиот се повредени, кој доживеал и срцев удар од струјата која минува низ шините.

Погледнете го драматичното видео со вознемирувачка содржина:

    

Според американските медиуми, лицата на ова видео се на возраст од 20 години.