Почетна Популарно(Видео) Ситуацијата во Грција е надвор до контрола: Експлодираше магацин со муниција за воено воздухопловство во Волос

(Видео) Ситуацијата во Грција е надвор до контрола: Експлодираше магацин со муниција за воено воздухопловство во Волос

од nenad
1 минути читај за
t

Надвор од контрола е ситуацијата со пожарите во областа Магнисија во централна Грција, откако попладнево се разгореа пожарите во близина на Волос и Ламија, огнената стихија зафати и магацин со муниција на военото воздухопловство и се слушаат експлозии, а паралелно евакуирани се жителите на низа населени места, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил и стигнал до воената област и го зафатил и магацинот, по што следеа и експлозиите, кои според локалните медиуми се толку силни што во Волос и околните места се скршиле прозорци на куќите.

Преку бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација на повеќе населени места како во околината на Волос, така и во околината на Ламија, а луѓето се евакуираат и по воден пат.

ЛИНК од видеото

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.