Почетна Свет(Видео) ПУКАЊЕ пред ПОЛН КЛУБ ВО БЕЛГРАД! Има повредени

(Видео) ПУКАЊЕ пред ПОЛН КЛУБ ВО БЕЛГРАД! Има повредени

од nenad
1 минути читај за

Доцна синоќа имало пукање во белградскиот зимски клуб „Фристајлер“ во Бетон хала, при што е ранет еден работник на обезбедувањето А.М. (39).

Пукањето се случило нешто по полноќ, во моментот кога, како што пренесуваат тамошните медиуми, пејачот Нучи настапувал во преполниот клуб.

Според се уште неофицијални информации, до пукањето дошло откако осомничениот се степал со обезбедувањето на клубот. По пукањето, тој побегнал во правец на блиската бензинска пумпа. По престрелката, започната е полициска акција „Виор“ со цел што поскоро да се влезе во трага на осомничениот.

Инаку, полицијата неодамна упадна во клубот, кога по полноќ ненадејно влегоа голем број униформирани припадници на МУП. Исто така, за потсетување, белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ. Забавата се претвори во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почна да навлегува во внатрешноста на објектот.