Почетна Македонија(Видео) Почна средбата: Го имитираат Путин, масата поголема од лидерските капацитети

(Видео) Почна средбата: Го имитираат Путин, масата поголема од лидерските капацитети

од nenad
1 минути читај за

Пред малку започна лидерската за уставни измени. Внатре во просторијата каде што ќе се преговата во моментов се присутни само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски.

Предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.

По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.

Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по кој партискиот потпретседател Тимчо Муцунски изјави дека став на партијата е оти уставни измени под диктат не смее да има.

Тој додаде и дека една од темите за коишто ќе се дискутираат двајцата лидери ќе биде и прашањето за предвремени парламентарни избори.