Почетна Популарно(Видео) Петровска објави: Оклопните возила JLTV Oshkosh пристигнаа во Македонија

(Видео) Петровска објави: Оклопните возила JLTV Oshkosh пристигнаа во Македонија

од nenad
1 минути читај за

Новите лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата, пристигнаа во штипската касарна, објави на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска која сподели и видео од возилата.

-Забрзано ја модернизираме Армијата со најнова и најсовремена опрема.

Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.

Пристигнува уште еден конвој, со што ќе располагаме со 32 возила од овој тип, напиша Петровска на Фејсбук.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Претходно Инфомакс ексклузивно објави дека оклопните возила пристигнаа во Македонија.

ЛИНК од видеото

.

Leave a Comment