Почетна Македонија(Видео) Османи повикува на смиреност пред утрешниот ден: Секој граѓанин на Бугарија е добредојден но мора да ја почитува Македонија

(Видео) Османи повикува на смиреност пред утрешниот ден: Секој граѓанин на Бугарија е добредојден но мора да ја почитува Македонија

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, апелира утрешното одбележување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да биде достоинствена.

– На 4 февруари, кога се поклонуваме на гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите.

Повикувам на достоинствено, мирно чествување на денот кога оддаваме почит на неговиот идеал за напредно општество, за градење цивилизациски вредности.

Секој граѓанин на Република Бугарија и на која било друга држава е добредојден во Македонија но секој мора да се однесува со почит кон нашата држава, кон македонскиот народ. Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани да покажеме зрелост и да не дозволиме да се подгрева национализам преку говор на омраза и омаловажување.

Ние сме држава која има европска перспектива, со својата традиција на меѓуетнички дијајалог, кохезија и мирно решавање на спорови сме пример во светот.

Ве повикувам да опстоиме на тие наши вредности, да не дозволиме да потклекнеме на провокации од злонамерници, да не дозволиме да го киднапираат процесот и да го уништат имиџот кој го изградивме како држава.

Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок, посочи Османи.

ЛИНК од видеото

Инспирирано од: infomax.mk