Почетна Сцена(ВИДЕО) Одбојкарите тргнаа за Бари: Во сабота македонската репрезентација ќе игра против Италија

(ВИДЕО) Одбојкарите тргнаа за Бари: Во сабота македонската репрезентација ќе игра против Италија

од nenad
0 минути читај за
Реклама

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево заминува за Бари каде ја очекува натпреварот од осминафиналето на Европското одбојкарско првенство.

„Спартанците“ на Јошко Миленковски со ефект од две победи и три порази го освоија четвртото место во групата Ц и изборија историски пласман во осминафиналето.

Во сабота во Бари македонските одбојкари ќе играат против дмаќинот Италија како првопласирана во групата А. Дуелот најверојатно ќе се игра од 18:00 во спортскиот комплекс „Палафлорио“ во Бари.

Неполни три часа подоцна фудбалските репрезентации на двете земји ќе се сретнат во квалификациониот натпревар за пласман на Европското првенство.