Почетна Свет(Видео) Ни треба национално обединување и леви и десни, Левица е изразен елемент зад кој може да се обединиме

(Видео) Ни треба национално обединување и леви и десни, Левица е изразен елемент зад кој може да се обединиме

од nenad
1 минути читај за

Зошто не се зборува чија држава е таа (Македонија) од 1945 година? Тоа е држава на генерација што дала жртви, семејни жртви, хорор, траума, денеска е држава на следната генерација која може да живее слободна, да не бие под бугарска, српска, италијанска, било каква окупација.

Софиската платформа има континуитет, таа не е од сега, овие напади на македонската државност се како тие пред Втората светска војна, вели во денешната епизода на Тешки муабети портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

-Ни треба национално обединување, десни, леви, моментално ја губиме државата. Моментално Левица е изразен елемент позади кој можеме да се обединиме.

За ВМРО и за СДСМ, народот не разбира дека за нив се се сведува на интерес, тоа се двајца олигарси во енергетскиот сектор и сите политичари влегоа во тој сектор. Тие се обединуваат не за наша подобра иднина, туку за лични интереси, вели Мециновиќ.