77
На видео што се шири на социјалните мрежи се гледа како група маскирани лица ги бркаат камерманот и новинарот на РТК.
Еден од напаѓачите во еден момент успева да ги стигне и да го турне на земја снимателот по што го удира со нозе по телото.По нападот, од Управниот одбор и раководството на РТК рекоа дека снимките од нападот сведочат за невидено насилство врз новинарите. Реакција има и од Здружението на новинари на Косово од каде ги повикуваат сите, почнувајќи од косовскиот премиер Албин Курти и другите релевантни фактори, да дадат се од себе за да овозможат безбедна средина за новинарите да ја вршат својата работа.