91
48-годишниот О.Ј., за кого српските медиуми пишуваат дека е угледен бизнисмен од Ниш, денеска загина во страотна сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш.Според информациите, „Аудито“ кое го возел загинатиот ја пробило заштитната ограда, влетало на спротивната лента на автопатот, се превртило и се запалило. Возачот бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.На социјалните мрежи се појави снимка од автомобилот кој гори на автопатот, додека одекнуваат експлозии.