Две лица се приведени од полицијата како осомничени сторители, поврзани со нападот со огнено оружје во зградата на телевизијата „Топ-чанел“ каде загина еден вработен од обезбедувањето.
Според албанските медиуми луѓето се по потекло од Скадар и се уапсени во Валона.
Истрагите за осомничените лица кои се вмешани во настанот продолжуваат.
Вработените кои биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани оти истражителите ги сметаат за сведоци.
Првичните информации говорат дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола вработен од обезбедувањето.
Адвокатката Ардита Соколи за Albanian Post објаснува дека една од причините зошто можеби е одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле животите на многу луѓе“.
Според неа, ова обвинение е казниво со затвор најмалку дваесет години или доживотен затвор.
Një ngjarje e rëndë është shënuar në orët e para të mëngjesit pranë godinës së televizionit Top Channel. Syri TV sjell pamjet e pasojave të sulmit me armë. pic.twitter.com/a6G2rlcCqR— Syri Tv (@SyriTelevizion) March 27, 2023
Во нападот пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.
…


