Екипите на зимската служба на Град Скопје од вчера доцните попладневни часови превентивно интервенираат на градските сообраќајници по најавите за снежни врнежи, информира синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!
🚛 Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници.
Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.
🫡 Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици,напиша градоначалникотна Скопје Орце Ѓорѓиевски на неговата страница на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/Facebook