Почетна Македонија(ВИДЕО) Во Грција има поплавени куќи, продавници, а автомобили завршиле во морето

(ВИДЕО) Во Грција има поплавени куќи, продавници, а автомобили завршиле во морето

од nenad
1 минути читај за




Во областите Волос и Пилион во Грција, поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

   

Забрането е движење со возила, освен итните служби и возилата за помош на пат. Забраната ќе остане во сила додека не се смири невремето, соопшти полицијата. Делови од градот Волос се под вода, куќи и продавници се поплавени. Во некои области водата достигнала висина од еден метар. Имало десетици повици за испумпување на вода во Волос, Пелион и Неаполи. Критично е во близина на селото Агиос Јоанис. Во циклонот Даниел едно лице загина, а едно е исчезнато. Невреме имаше и во Шпанија.