Почетна Технологија(ВИДЕО) Воен авион се урна во Јужна Кореја – МАКТЕЛ

(ВИДЕО) Воен авион се урна во Јужна Кореја – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Авион на морнарицата се урна во јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денес локален владин претставник. Јужнокорејската војска соопшти дека поморскиот патролен авион со четири лица се урнал во близина на воена база во јужниот град Поханг.

   

Несреќата се случила во 13:43 часот, соопшти јужнокорејското Министерство за национална одбрана, додавајќи дека се вложуваат напори за утврдување на причините за несреќата и бројот на жртви. Претходно, новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на властите, објави дека авионот се урнал во планинска област на источниот брег на земјата. Од местото каде што се урна авионот се креваше чад, објави Јонхап, повикувајќи се на очевидец.