Почетна Убавина и здравје(Видео) Александра Пријовиќ со песна ја расплака колешката – Убавина и здравје

(Видео) Александра Пријовиќ со песна ја расплака колешката – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Александра Пријовиќ уште еднаш предизвика солзи со својата интерпретација, овој пат кај нејзината колешка Јана Тодоровиќ.

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ никого не остава рамнодушен со својот моќен глас, а често знае да ги расплаче и своите колеги додека пее.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео од приватна забава на која Александра ѝ пее на колешката Јана Тодоровиќ.

Тодоровиќ сакала Пријовиќ да ѝ ја отпее песната „Анка“ од починатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ.

 


Поврзани објави

Јана уживаше додека Прија ја пееше песната, додека солзите ѝ го навлажнуваа лицето, а во еден момент и ја бакна во глава.

Ова видео стана вирално на социјалните мрежи , а следеа бројни коментари.

„Каква кралица“, „Се наежив“, „Ајде, цела кафеана ќе ја кренеш во воздух, каков глас и каква песна“, „Врвот на врвовите“, гласат коментарите.

Инаку, Александра Пријовиќ на почетокот на кариерата го расплака и Шабан Шаулиќ додека на уво му ја пееше „Увек си ми говорила мајко моја драга“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин  @aleksandraprijovic https://www.instagram.com/aleksandraprijovic/