После шокантните обвинувања од Весна, Анабела возврати – и ги нарече „измислени скандали за внимание“.
Анабела Атијас остро реагираше откако Весна Џогани изнесе тврдење дека таа и Гаги први дознале за наводната измама на Слаѓа Делибашиќ, и му кажале на Џоле Џогани, по што тој ја напуштил својата сопруга. Анабела ги нарече овие изјави „потполна измислица“.
Таа нагласи дека за разделбата дознале во исто време со јавноста – директно од Џоле. Ниту таа, ниту Гаги, како што вели, немале никаква улога во тој приватен настан. Според неа, Весна користи стари приказни за да создава медиумски прашина.
Анабела изрази разочараност што дури и по 20 години, некои личности сè уште пласираат „небулозни сценарија“. Таа искрено рече:
Кога мислам дека ништо повеќе не може да ме изненади, некој повторно ме шокира со глупост.“
Весна и Анабела и претходно имаат влегувано во јавни препирки, особено кога станува збор за семејството Џогани. Сега, конфликтот добива нов интензитет, бидејќи секоја страна тврдоглаво ги брани своите ставови.
anabela-instagram printskrin