Почетна БалканВерниците лути: Запалена чудотворна икона на Пресвета Богородица во Украина

Верниците лути: Запалена чудотворна икона на Пресвета Богородица во Украина

од nenad
1 минути читај за
t

Во областа Волин, на западот на Украина, непознати лица ја запалиле чудотворната икона на Пресвета Богородица, се наведува на веб-страницата на Украинската православна црква.

-„Ноќта помеѓу 6 и 7 јули, неидентификувани лица извршиле вандалски чин во близина на Светиот извор во селото Буџатичи, Волин. Како резултат на инцидентот изгорена е чудотворната икона на Пресвета Богородица „Буѓатичевска“, текстот на молитвата што беше прикачен до неа и влезната врата од капелата која се наоѓа во близина на изворот“, се вели во соопштението.

Ова не е прв случај на вандализам во Владимирско-волинската епархија. Напаѓачите претходно ги искршиле прозорците на капелата и извршиле други богохулни дејствија, истакна УПЦ.