Почетна БалканВенеција воведува такса за „влез“ од април – Курир

Венеција воведува такса за „влез“ од април – Курир

од nenad
1 минути читај за
Венеција воведува такса за „влез“ од април

Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).

Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.

-Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, велат властите.

Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Извор : Kurir.mk

Венеција воведува такса за „влез“ од април