66
Вардар официјално го потврди бразилското засилување Луис Фигередо Педрињо. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска, но настапувал и на крилна позиција.
Бразилецот дојде во црвено-црното семејство уште на почетокот на јули и беше со тимот на подготовките на Златибор, а по пробниот период, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров донесе одлука да го задржат.
Педрињо ја мина последната полусезона во Минор Перник, а претходно настапувал за бразилските екипи Индепенте де Лимеира и Наутико. Тој ќе биде шесто засилување за најтрофејниот македонски клуб за сезоната 2023/24.
