Почетна Убавина и здравјеВака политичарот ја заведе Ана Бекута! Сè започна на овој ден – Убавина и здравје

Вака политичарот ја заведе Ана Бекута! Сè започна на овој ден – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ беа вљубени повеќе од девет години, а романсата ја започнаа на Денот на вљубените во 2012 година. Тие беа поддршка и потпора еден на друг, додека смртта не ги раздели во 2021 година.

Ана Бекута не очекуваше дека ќе и се случи толку голема љубов и дека срцето ќе и го украде политичарот Милутин Мркоњиќ. Двајцата се запознале во 2012 година на концерт на Шабан Шаулиќ.

Кога ја видов Ана на концертот на Шабан, не знаев која е. Пред тоа запознав многу нејзини колешки како Цеца, Снежана Ѓуришиќ, Лепа Брена, тоа е моја работа, ние политичарите постојано се среќававме со пејачки ѕвезди“ – се присети во една прилика Мрки.

Според него, на забавата по концертот на Шабан, тој и нарачал песна на Ана и и дал бакшиш, а таа му рекла да си ја извади бурмата. Тој одговорил дека ќе го направи, доколку таа му ги врати парите, што секако пејачката не го направила.

Ана тогаш веќе знаеше дека тој е човекот што го чекаше толку години.


Поврзани објави

 Веднаш станав свесна дека тој е човекот на мојот живот“, изјави Ана претходно за медиумите.

Оттогаш, додека смртта не ги раздели, тие беа неразделни и меѓусебна поддршка и потпора. Иако одлично се сложувале, никогаш не планирале брак. Тој беше официјално оженет, а таа немаше намера повторно да стапне на „лудиот камен“.

Фото: printskrin Youtube/ TOXIC TELEVISION
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: