При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.
Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.
Поврзани објави
Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар.