Почетна Убавина и здравјеБјанка по секоја цена сака да го спаси бракот – сака да стане мајка

Бјанка по секоја цена сака да го спаси бракот – сака да стане мајка

од nenad
1 минути читај за



Бјанка Ценсори по секоја цена сака да го спаси бракот со американскиот рапер Канје Вест. Според „Дејли мејл“, таа подготвила план како да го направи тоа.

Според изворите на споменатиот медиум, Бјанка Ценсори верува дека основањето семејство со Канје Вест би ја спасило нивната врска, но и би го заштитило од контроверзното однесување.

Бјанка го убедува Канје да имаат дете затоа што верува дека тоа ќе го спаси нивниот брак“, изјавил неименуван извор за Дејли мејл, додавајќи:


Поврзани објави

Таа верува дека детето би го заштитило од опасните испади во јавноста“.

Канје Вест веќе подолго време се соочува со остри критики од јавноста, но и со остри критики од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Наводно, нивните деца се згрозени од неговото однесување и се плашат од него.

Извор близок до Канје откри:

Ова мора да е страшно за Ким. Канје не ги зема лековите. Доколку ги земаше, немаше да бидеме тука. Не се подобрува, не се чувствува добро, тоне сè подлабоко и не се однесува рационално. Има толку многу негативност – мислам дека нема да го надмине ова”.

Фото: Printscreen Instagram (bbiancacensori)