101
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта се пофали дека повторно ја надмашиле нормата. Годинава наплатиле рекордни 63 милиони евра од патарините. Настрана тоа што македонските граѓани плаќаат за користење на патиштата многу повеќе отколку граѓаните на држави членки на ЕУ. Возач од Тетово би платил речиси 39.000 денари ако секој работен ден вози автомобил до Скопје и назад, од Гостивар околу 68.000, а од Куманово над 48.000. За споредба, во Австрија годишната вињетка чини 109 евра, или околу 6.700 денари…Прочитајте: