Британската национална мрежа денеска испрати известување до јавноста дека за загревање и затоплување на расолагање се двете електрани Дракс 5 и 6 на јаглен од 570 мегавати поради студен бран.Во известувањето се наведува дека тоа не значи дека овие единици ќе се користат денеска, туку дека се достапни… во случај на потреба, пренесува Ројтерс.„Јавноста треба да продолжи да ја користи енергијата како и обично“, додаде мрежниот оператор.
Националниот оператор на електричната мрежа (НГЕСО) потпиша договори со енергетската група Дракс и француската ЕДФ во август за продолжување на животниот век на четири електрани на јаглен, истакнувајќи дека тие се наменети да се користат кога ќе се исцрпат сите други комерцијални опции во системот.Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) предупреди на лошото време кое носи и голомразици уште во петокот, а Метеоролошката канцеларија соопшти дека студот може да трае до 16 декември.