Актерот Милан Васиќ кој неодамна ергенскиот живот го замени со брак, наскоро ќе стане и татко.
Српските медиуми пишуваат дека новопечената сопруга на Васиќ е во блажена состојба. Осумнаесет години помладата негова избраничката во јули ќе донесе нов живот на светот.
– Милан и Маја навистина се најдоа! Тие се едноставно сродни души, тие се навистина хармоничен пар, се согласуваат за се и никогаш не се скарале. Милан никогаш не бил толку среќен и заљубен, полн е со енергија, особено откако дозна дека Маја е бремена! Таа сега е во шестиот месец од бременоста, а бебето ќе пристигне во јули – рекол извор близок до парот на почетокот на разговорот.
Поврзани објави
– Милан е семеен човек, сакаше да стане татко на млада возраст, но до сега не ја сретнал вистинската личност со која би можел да го оствари тоа. Тој не сакаше да се ожени и да има дете „само дета треба да има“, иако многумина го советуваа тоа да го направи во последните години, кога имаше повеќе од четириесет. Тој веруваше дека Бог има план за него и дека ќе му ја испрати жената што ја заслужува. И тој тоа го доби!
Убавата Маја влезе во животот на познатиот актер и го промени од корен. Љубовта меѓу нив се разгоре кога првпат се запознаа, а сега Маја е сопруга на Милан Васиќ и ќе го роди нивниот наследник.
– Маја е 18 години помлада од Милан. Големата разлика во годините на почетокот го правеше несигурен, постојано се прашуваше дали ќе успее, но таа го уверуваше дека се создадени еден за друг. Кога сфатил дека емоциите се взаемни и дека имаат исти животни вредности, и се предал. Сега чекаат син и уживаат во љубовта – изјавил изворот.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/milanvasic_official/