Млад брачен пар загина во тешка сообраќајна несреќа вчера недалеку од Пожега, а полицијата ги соопшти деталите за несреќата. Немилиот настан се случил во неделата попладне кај Нови Михаљевац кога во тешка сообраќајна несреќа загинаа две лица на мотор.
„ Во неделата на 23.04.2023 година околу 14.35 часот во Нови Михаљевац, 41-годишен возач кој управувал мотоцикл од марка „БМВ“ со регистарски таблички од Пожега, влегол со нагло свртување, па возачот изгубил контрола и поради непрописна брзина, тој и сопатникот се лизнале и паднале на спротивната сообраќајна лента“ – стои во полициското соопштение.
Починатиот маж и жена биле родители на три деца.
На социјалните мрежи се простија нивните пријатели од Мото клубот Цунами Пожега.
„ Почивајте во Божји мир драги наши пријатели! Искрено сочувство до семејството“, напишаа тие.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата на Мото клубот Цунами Пожега, станува збор за Креша и Анита Видовиќ, членови на споменатиот клуб.
Текстот Брачен пар од Хрватска загина во сообраќајна несреќа: три деца останаа без родители е превземен од МАКФАКС.


